ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Стопанска комора: „За струјата верувавме во лагите на државата“

Големите индустриски капацитети или како самите се нарекуваат „локомотивата“ на стопанството во Македонија, бараат одговорност од Владата. Ја обвинуваат дека биле оставени сами да се борат со енергетската криза. Членките на Стопанската комора најавија дека ќе бараат и оштета за претрпената штета и никогаш повеќе нема да чекаат државата да им ги решава проблемите.

Advertisements

„Ако ние како компании навремено реагиравме во тој момент како што треба, и не верувавме во лагите на државата, ние ќе си имавме струја по 118 евра. Епа, еднаш се изгоревме, сега јас прашувам и знам дека во животот е дозволено еднаш да згрешиш, два пати си будала, а трет пат си идиот…“ Сега втор пат ќе згрешиме. Ми доаѓаат бизнисмени и ми велат – од цел свет носите суровини, а не сте способни струја да набавите?!“, рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.

Податоците на бизнисмените покажале дека од 100 анкетирани компании, на некои, сметките за струја им биле повисоки и за речиси 500 отсто.

„Во земјоделско – прехранбениот сектор, 75 отсто од анкетираните навеле дека трошокот за електрична енергија им бил зголемен над 100 проценти, потоа 60 отсто од хемискиот сектор навеле дека тоа зголемување е над 250 отсто, а најголемо зголемување на трошоците за електрична енергија има металуршкиот сектор кое се движи и до 470 проценти“, рече Билјана Пеева Ѓуриќ, оперативен директор на Стопанска комора.

Поради енергетската криза, дел од големите индустриски капацитети затворија, дел привремено, а некои и трајно. Неколку пати бизнисмените бараа да им се помогне на големите компании, но од Владата им одговараа дека треба сами да се справат со кризата. Од бизнис-секторот се децидни дека најголемиот дел од мерките Владата ги носела избрзано, без стратегија или помошта воопшто не стигала до фирмите кои се носечки за домашната економија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button