ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Стопанските комори се против замрзнување на цените

Замрзнувањето на цените е погрешна политика на надлежните, велат од стопанските комори во земјава. Организациите на приватните компании се против владините мерки за замрзнување на цените на основните производи. Од Стопанската комора оценуваат дека социјалните мерки што ќе ги спроведе државата за ублажување на економската криза кај потрошувачите, не треба да бидат на сметка на приватните компании. Зоран Јовановски од Стопанската комора рече дека во земја со отворен пазар не треба да се покачуваат цените за сите потрошувачите.

Advertisements

Од стопанската комора на северозападна Македонија велат дека на потрошувачите треба да им се помогне, но не и со замрзнување на цените. Наместо со оваа мерка, од оваа комора предлагаат Министерството за економија да излезе со предлог за целосно укинување на данокот на додадена вредност. За одредени прехранбени производи, маржата на ДДВ е сè уште активна со 5% од трговијата на големо и 10% од трговијата на мало. Државата ја намали стапката на наплата на даноците на одредени производи за да се намалат цените но дел од прехранбените производи остнаа скапи и недостапни за џебот на граѓаните. Познавачите на економските околности повикуваат државата директно да дели помош на граѓаните, а не да ги субвенционира приватните фирми од кои 85% не го почитуваат договорот и не ги намалија цената иако 3 месеци користеа струја по субвенионицирана цена.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button