ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Стопанствениците бараат конкретни мерки за справување со енергетската криза

На компаниите не им се потребни нови кредити и дополнителни задолжувања кои владата им ги нуди за задржување на ликвидноста. Стопанствениците бараат конкретни мерки со кои вистински ќе се справуваат со енергетската криза. Од Организацијата на работодавачи за Алсат велат дека тие очекувале поволности во делот на данокот на добивка, ослободување од дел од давачките за увоз на стоки и останати мерки кои ќе им помогнат во овој кризен период.

Advertisements

„Треба да се помогне на компаниите кои ќе инвестираат во енергетски ефикасни системи. Меѓутоа, да се помагаат со евтини кредити ми е неразбирливо во вакви тешки услови за функционирање“, рече Владанка Трајковска претседателка на Организација на работодавачи.

Од Стопанската комора се чувствуваат најпогодени од кризата со образложение дека најголемите компании струјата ја купуваат на отворениот пазар. Дел од големите фабрики веќе затворија поради високите цени на електричната енергија на берзите, а дел го намалија производството. Добар дел од вработените се дома со плата од 70 отсто.

„Мора брзо да се дејствува, изгубивме многу време чекајќи ги мерките…“, наведуваат од Стопанската комора.

Од Министерството за финансии убедуваат дека борбата против кризата не се само мерките, туку таа се водела на повеќе нивоа. Од финансии велат дека покрај пакетите антикризни мерки, се преземаат мерки за финансиска одржливост и задржување на стабилноста. Според овој ресор, нашата Влада издвоила најмногу пари во однос на државите од регионот во однос на висината на БДП.

„Владата донесе и план со кој ќе се намалат трошоците на буџетските корисници, а воедно и ќе се подобри наплатата на приходите во буџетот“, велат од министерството за финансии.

Последната мерка која Владата има намера да ја донесе е да ги поништи колективните договори во јавниот сектор. Тоа значи дека ќе им ги намали платите на околу 130 илјади вработени под државна капа. Синдикалците жестоко реагираа на овој владин план и се заканија дека доколку тоа се случи, во Македонија ќе има социјални немири.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button