Стопанството допрва очекува битка со ковид

Бизнис-заедницата допрва ја очекува битка со негативните последици предизвикани од пандемијата. Состојбата ќе биде полоша следната година, затоа непходно е новите мерки на државата да бидат поткрепени со детални анализи, смета експертот Љубомир Димовски.
„Приватниот сектор и така си има големи проблеми денес во преживување на состојбата, државата треба да направи напори да не му одмогне во овој процес. Треба да се најдат начини и напори како дополнително да се поддржува овој сектор дали преку олеснување на законската регулатива, дали преку олеснување на давачките или преку давање на некои стимулативни мерки“, рече Љубомир Димовски, Економски експерт.
Инаку денеска беше презентирана петгодишна проценка на деловното опкужување во земјата. Анкетираните компании истакнале имаат подобра усогласеност со бизнис-регулативата. Во 2020 година 19% од нив биле казнети, а 25% само опоменати, што е подобрување за разлика од 2019 кога 39% од компаниите биле казнети. Анкетирани биле 543 компании од различни сектори и големина.
Андреа Чобанова