Стопирана реконструкција на Бул. „Македонска-косовска бригада“

Реконструкција на патот „Македонска-косовска бригада“ кој води кон општина Шутка се прика во близина на крстосницата кај прастичарска, бидејќи жителите одбиваат да се поврзат со системот за водоснабдување и канализација за да избегнат даноци. Работите се стопирани затоа што надлежните не сакаат насилно да го решат проблемот, но велат дека нема да чекаат на неодредено време за да го добиваат нивното одобрување.
Македонска-косовската бригада, која ја поврзува таканаречената пластичарска со три општини, на Чаир, Бутел и Шуто Оризари, е во ваква состојба со месеци, за жителите на трите општини кои мора да поминуваат низ овој пат, ова е ужас.
„Бидејќи нема избори, затоа чекаат да ја искористат можноста. Сето ова е за гласање, не е за ништо друго, се е направено освен ова, само ова остана, зошто?. Ниту еден автомобил не може да го трпи ова , ова не е нормално“.
„Не можеме, но што да правиме, кога тие не го уредуваат, ние мора да поминеме навака“.
„Често поминуваме, но катастрофа е. За секого е проблем, за автомобилите, за сите, се правеше вака со месеци. Само кога ќе дојде летото, и тогаш ќе размислат дали ќе се направи“.
Градоначалникот на град Скопје вели дека проблемот е кај жителите кои живеат покрај овој пат. Според него, има и такви кои не сакаат да бидат приклучени на канализациската мрежа и водоснабдувањето.
Булеварот „Македонско- косовска бригада“ започна да се реконструира во есента 2020 година. Пред извесно време, жителите околу овој булевар, побараа во делот што е завршен, што е можно побрзо да се преземат мерки за безбедноста на децата или да се постават пречки за забавување на брзината на возачите.
Мефаил Исмаили