СВЕТ

Стотици илјади луѓе демонстрираа против десниот екстремизам

Стотици илјади луѓе демонстрираа против десниот екстремизам

Стотици илјади луѓе во текот на изминатиот викенд (20/21.01) излегоа на улиците во Германија и мирно протестираа против десницата. Политичарите и организаторите се заблагодарија за „јасниот сигнал”.

Advertisements

Во Минхен, поради тоа што беше преполно, организаторот прекина една демонстрација против десните. Веќе не можела да биде осигурана безбедноста на учесниците, рече портпарол на полицијата, наведувајќи дека имало најмалку 80 илјади учесници. Организаторот, пак, зборува за дури 250 илјади насобрани демонстранти.

Во Берлин демонстранти се собраа во владиниот кварт – според полицијата имало најмалку 60 илјади лица. Со оглед на тоа дека спонтано се приклучувале нови демонатранти и ситуацијата била динамична, можно е да биле и 100 илјади лица, рече портпарол на полицијата. Бројката од околу 350 илјади учесници која ја споменаа организаторите, полицијата ја оцени како преголема.

Десетици илјади лица и на други места излегуваа на улица, како во Келн и Бремен. Тоа е кулминација на досегашните протести, кои траат со денови. Веќе во саботата полицијата и организаторите наведоа вкупен број од најмалку 300 илјади лица, главно во Хановер, Франкфурт и Штутгарт.

На истокот на Германија поголем број луѓе се собраа во Хале, каде полицијата изброја 16 илјади лица. Во покраините Бранденбург, Саксонија и Тирингија во септември се избираат нови покраински парламенти. Според анкетите, десно популистичката АфД би можела да биде убедливо најсилната партија во сите три покраини.

Протестите ширум Германија беа предизвикани од откритијата на центарот за истражување „Коректив” за средба на десни екстремисти на 25 ноември во Потсдам, на која учествувале политичари од АфД, како и некои членови на ЦДУ и на многу конзервативната Унија на вредности. Поранешниот шеф на десноекстремното Идентитарно движење во Австрија, Мартин Зелнер, на средбата, според сопствен исказ, зборувал за „ремиграција”. Кога десни екстремисти го користат овој поим, тогаш по правило мислат на тоа дека голем број луѓе со странско потекло треба да ја напуштат земјата, ако е нужно и под присила./DW

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button