ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Стотици компании и општини незаконски на регулираниот пазар за струја

Бизнисмените и градоначалниците кои го изиграа Законот за енергетика и од слободниот пазар се префрлија на регулираниот, имаат обврска да ја поправат грешката до крајот на овој месец. Во спротивно Универзалниот снабдувач сам ќе ги исфрли од мрежата. Според надлежните станува збор за стотици компании од приватниот сектор, но и општини и јавни комунални претпријатија, но неофицијалните информации се дека во оваа шема се вмешани околу 2500 фирми од речиси сите сектори.

Advertisements

„Овие злоупотреби ги забележавме во март кога започнаа општините да ги префрлаат набавките за јавните осветлувања и набавката на електричната енергија за јавните претпријатија. Потоа тоа го направија одредени компании, ние како влада ја имаме листата и заедно со Регулаторната комисија за енергетика ја информиравме Управата за јавни приходи и Финансиската полиција и очекуваме двете институции да постапат согласно законите“, наведуваат од Министерството за економија.

Дали и која ќе биде санкцијата за овие деловни субјекти допрва ќе се знае. Инаку, надлежните уверуваат дека ваквата злоупотреба и користењето на струјата на домаќинствата од страна на дел од приватните и јавните компании нема драстично да влијае врз цената на електричната енергија. Новата корекција на цената на струјата треба да се случи кон крајот на годинава и да важи до средината на идната година.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button