Стотици лица и понатаму остануваат „фантоми“ во земјава
Стотици лица и понатаму остануваат „фантоми“ во земјава

Емрана Мустафа до пред неколку години била „фантом“ во Македонија. Иако таа денес има документи за идентификација, нејзините две деца сè уште се без матичен број и се дел од големиот број на „фантомски“ лица во државата.
Многу други лица во нашата земја немаат државјанство. Иако мнозинството од “фантомите“ се припадници на ромската заедница, има и луѓе од различни етнички групи кои немаат никакви документи за идентификација.
Според Латифа Шиковска, работната група во Собранието продолжува да работи на процесот на регистрација на “фантомските” лица до целосно решение на овој проблем.
Според Шиковска, иако официјалниот број на “фантомски” лица во земјата е околу 700, бројките се многу поголеми, бидејќи секојдневно на терен се идентификуваат нови лица, деца и возрасни, кои сè уште не се регистрирани и немаат документ за идентификација или лична карта./Алсат.мк
Авни Тахири