Стотици работници од Култура денеска протестираа поради доцнењето на платите и условите за работа
Стотици работници од Култура денеска протестираа поради доцнењето на платите и условите за работа

Немањето плати и непочитувањето на Колективниот договор принуди стотици вработени во културата да протестираат. Според Синдикатот на култура ова лудило веќе стана вообичаено во месеците март и април. Револтирани, работниците од култура побараа подобри услови за работа и секоја институција да биде ослободена од политички притисоци и контроли.
„Со години нашите институции се оставени на работ на егзистенција со инфраструктура која се уништува пред нашите очи, кадар кој работи со дополнителни работни задачи поради недостаток на нови вработени, уметници кои се вработени и се пензионираат без унапредување“, рече Елмир Сејфулаи, актер.
Од Сојузот на синдикати велат дека безрезервно го поддржуваат протестот на вработените во Култура, повикувајќи ги да се приклучат на протестот на ССМ на 1 мај.
Од Министерството за култура и туризам на 18 април најавија дека работниците од култура ќе земаат плата по Велигденските празници. Според нив, доцнењето е поради усогласувањето на пресметките за плата со Министерството за финансии. Согласно Општиот колективен договор и Колективниот договор од областа на културата, вработените мора да примаат плата најдоцна до 15-ти во месецот. Покрај работниците од Култура, голем број вработени во јавниот и приватниот сектор останаа без плата./Алсат.мк
Мелихате Рустеми