ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Страчинци не сака каменолом во селскиот атар

Страчинци не сака каменолом во селскиот атар

Засега не се знае дали ќе почне да работи каменоломот над селото Страчинци во Гази Баба, што стана причина за расправија меѓу жителите и сопственикот кој ќе стопанисува со него. Аднан Ајрулаху, претседател на месната заедница во Страчинци, за Алсат изјави дека остануваат на ставот да не дозволат работа на каменоломот.

„Според некои правила, доколку претпријатието не работи три години од приемот на концесијата, му се одзема концесијата. Тој ја доби концесијата во 2015 година, а сега сме 2024 година, веќе 9 години, а не 3. Ги исполнува сите услови за да му се одземе концесијата и се надеваме дека ќе му се одземе. Како село сме многу организирани, никогаш нема да работи и да добие дозвола. Повеќе се цениме себеси отколку некој да се збогати на сметка на селаните“, рече Аднан Ајрулаху, претседател на м.з Страчинци.

Жителите велат дека сè уште ги трпат последиците од рударскиот тест во 2018 година кога на некои куќи им испукаа ѕидовите. Исто така, жителите велат дека со отворањето на каменоломот освен што им се нанесува штета на нивните куќи, се оштетуваат и земјоделските култури.

„Еден да профитира, а 170 куќи да трпат, тоа нема да се случи. Ако почнат експлозии, веднаш ќе ги кренат во воздух куќите оти ќе активираат експлозии или како се викаат, а ние едвај еднаш ги изградивме затоа што повеќе работиме со тутун“, рече еден жител.

„Кога има експлозии, паѓаат камења и го оштетуваат целото село. Ни носат отров. Кој сака отров, сака ли некој отров? Сè направивме, не им дозволуваме, нема шанси да дојдат тука. До последен ќе загинеме, но не им дозволуваме да дојдат“, додаде друг жител.

„Куќата е распукана. Тоа беше силна експлозија, без никаква најава пукна, но кога постојано има експлозии. Никогаш нема да им дозволиме да работат таму“, нагласи друг жител.

Од Министерството за екологија велат дека процедурите за документирање на каменоломот се во тек, но не соопштија каков би можел да биде конечниот епилог. Во декември минатата година јавната расправа што Министерството за екологија ја организираше со жителите, неговите претставници и сопственикот кој би стопанисувал со овој каменолом, излезе од контрола. Додека месната заедница ја презентираше документацијата, која според нив, докажува дека работата на каменоломот треба да запре, другите жители вербално се пресметаа со сопственикот на претпријатието и со претставниците на Министерството за екологија./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button