ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Странски македонисти на семинар во Охрид распалија по Бугарија

Ставовите на соседна Бугарија дека македонскиот јазик не постои или дека е дијалект на бугарскиот се бесмислени, оценија македонистите на меѓународната летна школа за македонски јазик што се одржува во Охрид. Истражувачи и професори по македонски од земјава и од странски научни институции, зборуваа за мешањето на политиката во лингвистиката.

„Ние сме веќе одамна навикнати и отрпнати на таквите напади, затоа што тоа ништо не е ново. Тие периодично се засилуваат, секогаш кога Македонија сака да направи чекор напред и нападите се засилуваат кон нас….“, рече Максим Каранфиловски, Универзитески професор по македонски јазик.

„…Јас апсолутно ги подржувам Македонците. Го познавам и бугарскиот јазик и јас можам лично да тврдам, дека тоа апсолутно не е ист јазик. Се разликува многу и граматички и лексички. И не знам од каде воопшто идејата дека тоа може да биде ист јазик. Јас мислам дека не премногу, туку апсолутно само политика има“, рече Соња Дожан, Македонист од Словенија.

„…Еве сега зборуваме на тој јазик. Дали е тој поразличен од бугарскиот? Поразличен е. Не значи дека не можеме да се разбереме. Ние се разбираме и со оние кои зборуваат на српски и на хрватски….“, изјави Весна Мојсова Чепишевска, Директорка на семинарот за македонски јазик.

На семинарот се пристигнати околу 60 учесници од 17 држави, што е најголем број учесници изминативе неколку години. Присутните доаѓаат од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Кореја, Романија, Русија, САД, Словенија, Србија и неколку други држави.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button