ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Страшна слика и нехумани услови во затворот во Идризово

„Не е нормално да биде вака. Не е нормално да имаме мравки. Не е нормално да имаме ваква ситуација. Значи ова се душеци, уништени, расипани, скршени кревети. Значи ништо не е нормално. Еве како изгледа душекот. “

Со овие зборови заменик народниот правобранител Соња Трифуновска ја опишува страшната состојба во КПУ Идризово, каде има 1.178 затвореници, или над 50% од вкупниот број на осудени лица.

Затворениците живеат во нехумани услови и околности со лоша медицинска нега и лоша хигиена. Дури чекаат ред за тоалет, а спијат на смени, на уништени душеци.

Според Трифуновска, оваа пренатрупаност предизвикува проблеми врз здравствениот статус на затворениците, а  како резултат на тоа се создаваат и конфликтни ситуации меѓу осудените лица.

Прашањето за немањето услови во КПУ „Идризово“ беше актуелизирано по неодамнешните инциденти во кои  беа повредени три лица, а претходно еден затвореник беше претепан до смрт. Директорот на затворот Зоран Јовановски, вчера за Алсат изјави дека ваквите слики се секојдневие и начин на живот. Ваквите проблеми, според него, се јавуваат поради преоптовареноста но и „војна“ за територија.

Според годишниот извештај на Народниот правобранител, во Идризово, исто така, нема кадар за ресоцијализација на затворениците. Имено, 80 до 90 осуденици се во надлежност на еден воспитувач, бројка која е превисока за да се реализира ефикасен процес на ресоцијализација.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button