СВЕТ

Страшни поплави во Непал, најмалку 100 загинати, десетици исчезнати

Страшни поплави во Непал, најмалку 100 загинати, десетици исчезнати

Најмалку 100 лица загинаа во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми.

Одрони и поплави предизвикани од дводневниот силен дожд во оваа хималајска земја, локалните власти наредија затворање на училиштата на три дена, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Поплавите го парализираа сообраќајот и секојдневните активности во долината Катманду, а три автопати, вклучително и клучниот пат Притви што го поврзува Катманду со остатокот од земјата, се блокирани од лизгање на земјиштето, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Непал, Риширам Тивари.

– Автобускиот сообраќај на патиштата е забранет во текот на ноќта, а на возачите им се препорачува да не излегуваат на пат. Дождот се очекува да продолжи до крајот на викендот – изјави Тивари, пренесе АП претходно.

Делови од Катманду беа целосно поплавени, како и многу куќи, поради што жителите беа принудени да се засолнат на последните катови од нивните станбени згради, а непалските безбедносни сили беа ставени во состојба на готовност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button