
Во изминатиот период се шпекулираше кој ќе го наследи Карло Анчелоти на кормилото на Реал Мадрид, а најголеми шанси им беа дадени на Чаби Алонсо и Раул, меѓутоа стратегот на „кралевите“ избра друг наследник.
За многумина главен фаворит е Алонсо, но Анчелоти смета дека Роберто Де Ѕерби, кој го воодушеви светот со резултатите во Брајтон кој ги имаше минатата сезона, но и на почетокот на 2023/24.
Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти наводно разговарал со претседателот на клубот, Флорентино Перез и го посочил Де Ѕерби како идеално решение за тренерската позиција на „кралевите“.