Стратешки совет за надворешна политика, Османи: Побарав спротивставени мислења, а не монолог

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес го претстави списокот со имиња кои го сочинуваат Стратешкиот совет за надворешна политика, на оваа листа се наоѓаат, меѓу другите и Валентина Божиновска и Срѓан Керим, имиња за кои и самиот Османи е свесен дека ќе предизвикаат бура во јавноста. Сепак, тој ја брани оваа листа, подвлекувајќи дека неговата идеја е да има спротивставени мислења во Советот, а не монолог.
„Инсистирав да има луѓе кои имаат и политички ставови, но кои не зависат од дневната политика. Ова е, покрај нивната експертиза, нивно искуство, јас исто така барав луѓе со спротивставени политички ставови, бидејќи не сакам тоа да биде монолог во кој ќе се поддржуваме за позиции, но сакав во тој стратешки совет има дебата, дури и контроверзна, бидејќи има луѓе кои размислуваат како Валентина Божиновска. Серѓан Керим беше претседател на Собранието на Обединетите нации, тој беше поранешен амбасадор, тој дури беше двапати претходно министер за надворешни работи во претходниот систем. Јас не сум ниту обвинител ниту судија, но заинтересиран сум да ги вметнам во оваа стратегија, искуството, знаењето, различните погледи на луѓето, затоа што има луѓе во Северна Македонија кои исто така споделуваат различни мислења, различни ставови од моите, од оние на мнозинството“, изјави Османи.