Стразбург урива пресуди од Македонија, од државниот буџет исплатени 500.000 евра

Речиси половина милион евра платила државата во последните три години, по пресуди кои ги донел Судот за човекови права во Стразбург. Земјава само во 2019 – та година, била тужена пред овој суд во над 100 предмети, а исплатила над 250 илјади евра откако Стразбург увидел дека се прекршени постапките за фер и правично судење пред македонските судови. Според информации на Алсат, во 2013 – та година, државата по овој основ исплатила над 350 илјади евра. Прашавме во владата, дали преку Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, ќе побара одговорност од судиите и обвинителите за лошите обвиненија и пресуди поради кои Стразбург пронаоѓа елементи на нефер постапки, па потоа за тоа мора да плаќаат граѓаните. Од владата немаа одговор на следниве прашања:
Прашања до Владата
Дали овие пресуди ќе бидат инцијална каписла дел од судиите кои пресудиле, а пресудите потоа им паднале во Стразбург, да сносат одговорност за процесни пропусти или да бидат дел од долго најавуваното проветрување во судството?
Може ли овие изгубени пресуди на државата пред Судот за човекови права да бидат основ за разрешувања во домашниот правосуден систем?
Последен случај што го објави Алсат каде државата загубила случај во Стразбург поради нефер судска постапка е оној за судењето околу нелегалното финансирање на политичката кампања на Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски. За тоа на Брат Љубе од државниот буџет треба да му бидат исплатени 5.700 евра.
Новиот министер за правда, Бојан Маричиќ, откако седна во фотелјата, најави проветрување во судството. Процесот како и моделот за оваа операција го најави во првите 100 дена од неговото министерување. Проверка на имотот на судиите треба да направи Антикорупциска . Потоа Судскиот совет и Советот на јавни по случаен избор треба да прават ревизија на предмети по случаен избор, но и да се провери вкупно 5 отсто од случаите. Пред изборите на 15 јули, владејачката СДСМ најави дека ќе разрешува судии чии предмети застариле. Но, идејата на власта за ветинг во судството, ја запре ЕУ која порача дека таков процес не е возможен.
Бојан Стојановски