ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга ги чека печалбарите за летната сезона

Печалбарите од странство и ова лето ќе прават најмногу гужви на струшкото крајбрежје. Струга летово очекува добра сезона, а иселениците од Западна Европа и САД ќе донесат најмногу пари за локалната економија. Добар дел од нив на лето прават свадби и разни други семејни свечености, па хотелските капацитети се веќе 90% резервирани за такви настани. Хотелиерите очекуваат и странски туристи, но велат дека најавите не се такви какви што очекувале.

Advertisements

„Имаше најава и за холандски гости и се реализираат најавите, можеби не по планот како што ние сакавме да има, но барем ќе стартуваме после короната, на некое повисоко ниво од претходните години…“, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел.

Струшките хотелиери веќе ги покачија цените на аранжманите од 20 до 30%.

„Сигурно дека се покачени цените. Не толку колку што треба, но сигурно дека полека ќе се стабилизираат и тие со текот на времето. Сепак, мора да се адаптираме и ние и клиентите. Зголеми се цените на продуктите, на електричната енергија“, рече Ерхан Папранику-сопственик на хотел.
Туристичките работници имаат критики и за бавното решавање на некои основни проблеми кои Струга со години ја мачат.

„Освен инфраструктурата, се жалат на кучиња скитници кои години наназад се проблем, како и на ѓубрето…“, вели Јанчева.

Во однос на парите, Струга и летово ќе му конкурира на Охрид со пониски цени на угостителските услуги во рестораните и локалните кафулиња. Туристичките работници очекуваат поуспешна сезона од претходните две.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button