ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга ги продлабочи разликите во ДУИ и субјектите кои се дел од Европскиот фронт

Европскиот фронт се соочува со предизборна криза за Струга. Во коалицијата во која  Алијансата за Албанците на Зијадин Села е со едната нога внатре, а другата надвор а зад вратата чека Арбен Таравари, тешко се снаоѓа и претседателот на интегративците . Во трката се  имиња како: Фатон Положани, инаку за струшката структура тој е „сателит испратен од Речица“. Можеби поддршка од огранокот нема, но Положани се дознава дека има поддршка од голем дел од раководството на ДУИ.

Advertisements

И актуелниот градоначалник, Рамиз Мерко, не се откажува од трката-иако  против него се водат неколку судски процеси и  за едниот може да биде и осуден утре, а се наоѓа на црната листа на САД. Мерко, според извори во огранокот на ДУИ во Струга, пред партиските тела тврдел дека располага со  околу 2.000 гласови  и може да тргува со која било политичка опција.

Амбиција изразил и Јетон Шаќири, човекот кој во времето додека беше министер за образование ги акредитираше студиски програми на Меѓународниот универзитет во Струга. Шаќири, според истите извори, барал поддршка истакнувајќи дека Европскиот фронт  освои победа  на парламентарните избори во Изборната единица 5, каде тој  и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши биле изборни координатори.

Половина од под-ограноците на ДУИ во Струга, според информациите на Алсат, поддржуваат друг кандидат, Дашмир Насуфи, човек близок до Мерко и поранешен предавач на Меѓународниот универзитет во Струга. Минатата недела имаше информации дека тие преку јавно писмо, ќе изразат поддршка за нивниот омилен кандидат, но тоа не се случи. Сомневања имаше дека бил вршен притисок врз шефовите на подограноците.

Последен но не помалку важен од другите кандидати е претседателот на АА, Зијадин Села. Неофицијално, на Села му е понудена поддршка од ДУИ доколку тој се кандидира за Струга, а не да предложи друг кандидат. Ова се чини дека не му се допадна на претседателот  на АА, кој пред неколку недели кратко рече дека без Струга како општина за која АА се трка, нема Европски фронт.

Не е познато дали му дошол редот и на Таравари да ги искаже своите амбиции како партија и да побара поддршка. Експонентите на овој субјект веќе неколку пати истакнаа дека за Струга, Таравари има кандидат, но неговото име не е објавено со образложение дека се спроведуваат интерни истражувања. Неофицијално, најспоменувано име е Гариб Каба.

АЛСАТ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button