Струга; Хидрантската мрежа е стара и дотраена
Струга; Хидрантската мрежа е стара и дотраена

Хидрантската мрежа во Струга е стара повеќе од половина век, што е сериозен проблем. Директорот на Водовод и канализација, Дашмир Насуфи вели дека речиси по сите улици има по два хидранти и нивната сила е 4 бари.Признава дека постои потреба од нивна замена, на одредени места, каде тие не функционираат и оти се во фаза тоа да се направи.
„Да постои хидрантска мрежа и е функционална.Скоро сите се во употреба, но некои кои не се во употреба, нашите тимови треба да ги корегираат и да ги прилагодат што е можно поскоро. Ние немаме пристап само до новите згради и незнаеме како е. Порано во старите згради требаше да имаат хидрант, а во новите згради немаме многу пристап и немаме информации за тие делови“, рече Дашмир Насуфи-директор на Водовод и канализација Струга.
И во Охрид хидрантска мрежа е стара со децении. Најголем проблем е стариот дел на градот.
„Хидрантската мрежа е во катастрофална состојба. Меѓутоа се трудиме барем тие хидранти кои се функционални да ги оспосбиме да можеме да си ја олесниме и нашата работа. Хидрантската мрежа можеби 30 години не е обновена и проверена и сега правиме напори со Водовод да видиме кои се тие критични места, каде треба да функционираат хидрантите„, рече Коста Кузманоски-заменик командир на ТППЕ Охрид.
Дополнителен проблем е што поради тесните улици, збиеноста на куќите, и непрописно паркираните автомобили, тешко се стигнува до опожарениот објект.
„Доколку имаме опожарување на одреден објект, може да биде катастрофално, затоа што имаме т.н блоковски пожари. Тие се куќи лепенки, градени минатиот век, со материјали лесно запаливи, и ако настане пожар може да биде и катастрофален во тој дел на градот“, додаде Коста Кузманоски-заменик командир на ТППЕ Охрид.
Сериозен проблем за двата града е и масовната и многу често непланска урбанизациј, тешко пристапните локации и патишта, нефункционалната внатрешна хидрантска мрежа во станбените објекти, градбите без противпожарни скали за евакуација./Алсат.мк
Мики Трајковски