Струга преполна со туристи за продолжениот викенд
Струга преполна со туристи за продолжениот викенд

Продолжениот празничен викенд, ги наполни сместувачките капацитети во Струга. Сопствениците на хотели и кафетерии се надеваат дека посетеноста овие денови ќе биде добар знак за одлична туристичка сезона и очекуваат бериќетно лето.Најбројни се туристите од соседството.
„Секогаш на почетокот на сезоната најмногу доаѓаат граѓаните на Албанија, и тоа за време на викендите и за празниците. Но генерално први што не посетуваат се туристите од Косово, Албанија, Бугарија, додека за време на сезоната доаѓаат туристи од други земји, како и нашите печалбари. Но мислам дека оваа сезона ќе има повеќе туристи од вообичаено“, рече Гзим Шеи-сопственик на локален бизнис.
„Имаме и за грчки групи најава имаме и најава за турски групи.Генерално убав викенд. За овој викенд целосно ќе биде исполнет хотелот. Имавме еден пад на сезоната, во мај се вративме на она што беше во 2024 година, и се надеваме дека сезоната ќе продолжи со истото темпо“, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел .
Стружани сметаа дека градот треба да добие уште поголема афирмација како туристички центар.
„Се надеваме дека со убавите денови ќе имаме и повеќе работа и повеќе гости. Сакаме Струга исто така повеќе да се афирмира за да имаме повеќе гости од целиот свет и Балканот“, нагласи Јахја Ате- сопственик на локален бизнис.
Топлото време и високите температури некои го искористија и за да се искапат во Охридското Езеро и реката Црн Дрим./Алсат.мк
Мики Трајковски