
Шампионот на Македонија, Струга Трим Љум ги започна подготовките за новата сезона, во која вторпат по ред ќе ја претставува Македонија во квалификациите на Лигата на Шампионите.
Најголема новина е името на шефот на стручниот штаб, Ќатип Османи, кој по успесите со Ренова и Шкендија, ќе се обиде да освои титула и со трета екипа во ПМФЛ. Добра вест за Османи е што ќе ги има на располагање Бесарт Ибраими и Буњамин Шабани кои ја продолжија верноста со клубот на уште една година.
Пред официјализација е и трансферот на Воша од Шкупи, а вчера клубот го напушти албанскиот интернационалец Згуро,
Ждрепката за првото квалификациско коло на Лигата на шампионите ќе се одржи на 18 јуни. Двомечот, пак, се игра на 9-10 и 16-17 јули.