СПОРТФУДБАЛ

Струга Трим Љум ја склопи сложувалката со ….Стефан Спировски

Со интересно видео, претставено како сложувалка Струга се пофали со потписот на Стефан Спировски. 33-годишниот повремен репрезентативец на Македонија ја склопи сложувалката, оставајќи се себеси како последното парче за комплетирање. Спировски по пауза од седум години пак ќе заигра во мак-фудбалот по бројни интернационални ангажмани.

Струга добива стабилност на средината со ангажманот на искусниот играч за врска. Шампионот досега сериозно го засили составот, бидејќи пред Спировски ги доведе Кире Ристевски, Арби Воша, го врати Стефан Јевтовски во мак-фудбалот, а потпиша и со Дујмовиќ и Такахара кој дојде од Гостивар.

Стефан Спировски во Македонија тргна преку Пелистер, а играше и за Работнички и Вардар. Надвор од границите на земјава имаше авантури во Борац Чачак и Берое, а во 2017 година од Вардар за половина милион евра се пресели во Ференцварош. Спировски во Унгарија го играше најдобриот фудбал и се задржа две години, пред да се пресели во Хапоел Тел Авив. Следеше авантура во АЕК Ларнака, па Мариупол, МТК Будимпешта, Пјуник и минатата сезона ја мина на Кипар играјќи за Етникос.

Во својата кариера Спировски има и 55 настапи за репрезентацијата на Македонија, со што е 17. играч по бројот на одиграни натпревари во националниот дрес. Сепак, последниот натпревар за Македонија тој го одигра во 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button