СПОРТФУДБАЛ

Струга Трим Лум ќе презими на првата позиција, пред Шкупи

Актуелниот шампион Струга Трим Лум ќе презими на првата позиција на табелата во Првата фудбалска лига откако на домашен терен ја совлада Брегалница со 2-1.

Басиру Компаоре постигна два гола за стружани, а вториот за победа и есенска титула во 92.минута. Тој и го отвори резултатот на овој меч во 12.минута, а Виктор Велковски постигна убав гол за израмнување во 72.минута. Сепак, Струга ТЛ знае како да ги добие мечевите и во финишот.

Шкупи има бод заостанување за есенскиот првак откако оствари минимален триумф (0-1) на гости против Брера во Струмица. Кристијан Трапановски го постигна победничкиот гол за тимот од Чаир во 47.минута од дуелот.

Шкендија славеше со 3-1 против Силекс, иако дел од мечот играше со десетмина поради исклучувањето на Бруно Дита во 69.минута.

Аганспахиќ во осмата минута ја доведе Шкендија во водство, но израмни Марко Ѓорѓиевски од пенал во 18.минута. Сепак, Аганспахиќ со својот втор гол и Енур Тотре обезбедија триумф за Шкендија.

Вардар го победи Тиквеш со 2-0 и иако ќе презими на последната позиција, сепак, сега има 17 бода, исто колку и Брегалница, а еден помалку од десеттопласираната Македонија ЃП. Дарко Глишиќ и Давид Велковски беа стрелци за „црвено-црните“.

Пет гола беа постигнати на дуелот во Охрид меѓу Воска и Работнички, а славеше домаќинот со 3-2. Јахији и Марушиќ донесоа предност од 2-0 за Воска, но Гандо Биала и Тодоровски израмнија на 2-2. Стрелец на победничкиот гол за Воска беше Сикиру Олатунбосун во 87.минута.

 

ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

Брера – Шкупи 0-1

Струга ТЛ – Брегалница 2-1

Воска – Работнички 3-2

Шкендија – Силекс 3-1

Вардар – Тиквеш 2-0

Гостивар – Македонија ЃП 1-0

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button