СПОРТФУДБАЛ

Струга Трим Љум, ќе тестира со истите ривали како Шкендија

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Љум се подготвува за настап во првото квалификациско коло на Лигата на Шампионите. Стружани ги стартуваа подготовките по кратката пауза, а закажаа и четири пријателски натпревари.

Advertisements

Шампионот ќе тестира со истите ривали како Шкендија, со тоа што ќе одигра четири, наместо пет натпревари како тетовчани. На стартот на подготовките Струга ќе се судри со Тиквеш, потоа ќе игра со Партизани, Тирана од Албанија, како и косовски Љапи.

Струга ја чека ждрепката во првото претколо на елитното натпреварување, а таму има улога на неносител и може да добие незгоден противник. Нов тренер на Струга е Ќатип Османи, а клубот се засили со голманот Филип Дујмовиќ и јапонскиот играч Масааки Такахара.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button