СПОРТ

Струга Трим Лум се уште без пораз

Струга Трим Лум се уште без пораз

Струга Трим Лум е единствената екипа во новата сезона од Првата фудбалска лига на Македонија која се уште нема пораз во првите 6 кола. Стружани ја демолираа Академија Пандев со 3-0, благодарение на головите на Шабани, Мерџани и Ибраими. Ибраими го постигна петтиот гол сезонава и сега го држи првото место во листата на стрелци. قمار Во 7 коло Трим Лум на домашен терен ќе игра со Скопје.

Advertisements

По поразот од Струга Трим Лум со 0-3, екипата на Академија Пандев го разреши тренерот Ѓорѓе Стојчев. بينجو لعبة Ова беше трет пораз за струмичани во првите шест кола, со што се наоѓаат на петтата позиција со само 7 бодови. Домашните медиуми пренесуваат дека Александар Васовски е најсериозен кандидат за клупата на тимот од Струмица, додека официјализирањето се очекува да се случи во вторник.

По заминувањето на Гоце Седлоски од ФК Шкупи и Ѓорѓе Стојчев од Академија Пандев, оставка понуди и Влатко Костов. Но, челниците на Тиквеш се уште ја немаат констатирано оставката, додека во среда кога Тиквеш ќе се сретне со ФК Шкупи официјално ќе дознаеме дали тимот од Кавадарци ќе го води Костов или друго име.

Екипата на Шкендија одигра само реми 1-1 против Македонија Ѓорче Петров, во првиот предизвик одржан на стадионот во Тетово. Според неофицијални информации сегашното претседателство е пред заминување и се очекува Замир Дика да го замени Бесник Ибрахим за нов претседател. العاب قمار كازينو Останува да се види дали ќе има нови случувања во „црвено-црниот“ тим во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button