СПОРТФУДБАЛ

Струга Трим Лум тргна кон Братислава за мечот против Слован во ЛШ

Фудбалерите на Струга Трим Љум отпатуваа на гостувањето кај Слован Братислава, ривалот во првото квалификациско коло за Лигата на Шампионите.

Advertisements

Избраниците на Ќатип Османи од охридскиот аеродром летнаа кон Словачка за утрешниот натпревар. Стружани патуваат на мегдан кај фаворитот со надеж за добра претстава и позитивен резултат.

Слован ќе ја дочека Струга на стадионот „Техелне поле“ во Братислава. Средбата се игра в среда во терминот од 19:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button