ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга веќе не е град на поезијата, туку на коцкањето

Струга повеќе не е град на поезијата, туку град на обложувалници, коментираат стружани, за сè поголемиот број вакви објекти кои секојдневно никнуваат во нивниот град. Многу често во непосредна близина и на училишта. Загрижени се за ваквата појава.

„Решение за народот е да се отворат работни места, а не обложувалници. Тие треба сосема да се отстранат. Народот живее од социјална помош и многу е сиромашен.“

„Многу земји од регионов ги забранија, пример во Косово ги нема, овде во Македонија уште функционираат. Веројатно заради данокот кој го собира државата од играчите….“

„Струга веќе не е градот на поезијата, туку градот на кладилниците. Ги има многу? Многу. Секаде ги има. Може да видите. Кои генерации одат? Секакви. Од најстари до најмлади. Што да се прави, тоа е.“

Според едно неодамнешно истражување кое го направиле група граѓански активисти, 95% од стружани сметаат дека не се почитуваат законите и лица помлади од 18 години ги посетуваат ваквите објекти.

„Кај руралните места скоро секаде се појавува една многу лоша слика за човечкото око – школо, а наспроти него – спортска кладилница во која по најновите трендови, се поставуваат и апарати наменети за казина, за кои не знам колку е законски дозволено да се таму“, изјави Ндерим Положани-граѓански активист.

Инаку, во парламентарна процедура веќе подолго време се заглавени измените во Законот за игри на среќа. Меѓу другото, во него се планираше овие објекти да се дислоцираат најмалку 500 метри од образовни и верски установи. Инаку, резултатите од анкетата покажуваат и дека 96% од испитаниците сметаат оти игрите на среќа придонесуваат у за зголемување на криминалот и сиромаштијата.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button