Струга/ ВМРО ДПМНЕ: Огромни суми од општината завршуваат за депонијата
Струга/ ВМРО ДПМНЕ: Огромни суми од општината завршуваат за депонијата

Струшката депонија златен рудник за пумпање на општински пари. Големи суми од општинскиот буџет, локалната власт, троши на име одржување и изградба на депонии обвинуваат од опозициската ВМРО. Наместо како што вети градоначалникот Мерко, на почетокот на неговиот претходен мандат, дека една од првите работи кои ќе ги направи, е нејзина дислокација, депонијата е се уште тука и со години ги труе стружани.
„Тука се јавува и финансискиот проблем и одливот на парите на граѓаните кои што во последните нецели шест години изнесува нешто околу 1 милион и 16 илјади евра. Ниту депонијата е дислоцирнана, ниту ефектот од нејзиното постоење е намален, а огромни суми на пари се одлеале токму на сметка на одржување и изградба на депонии. Тоа се пари со кои секоја нормална општина би направила нешто општо корисно. Би имале градинка, паркинг, би имале средени улици и средено осветлување. Вака парите завршуваат како истурени во бунар“, рече Никола Кукунеш советник од ВМРО ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМНЕ се сомневаат дали реално се трошат овие пари, бидејки велат дека една иста фирма со години ја одржува депонијата и на нејзина сметка се префрлуваат средствата за одржување и изградба на депонија. Од Општина Стурга,не одговорија на обвинувањата од ВМРО. Во меѓувреме, судскиот предмет за депонијата, веќе една година се наоѓа во фаза на жалба пред Апелациониот суд во Битола.
„За жал губиме драгоцено време за да се реши овој проблем. Ние во два наврати како странки во постапката реагиравме со ургенции до второстепениот суд, каде побаравме посериозен пристап, односно приоритет за решавање на ваквото прашање, бидејки се работи за заштита на јавното здравје во Струга“, рече Глигорие Ќатоски-адвокат.
Македонското здружение на млади правници во 2021 година поднесе тужба против Општина Струга, Комуналното претпријатие од Струга и министерството за животна средина,затоа што ништо не направиле за санација и дислокација на депонијата, а граѓаните биле изложени на загаден воздух кој го загрозува нивното здравје. Тие бараат судот да забрани понатамошно депонирање на отпад кај Струга, а просторот да се исчисти и ревитализира./Алсат.мк
Мики Трајковски