ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струшката полиција денес поднесе кривична пријава против директор на Основното училиште, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик

Струшката полиција денес поднесе кривична пријава против директор на Основното училиште, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик

Струшката полиција денес поднесе кривична пријава против 40 годишниот, Ваљон Мамуди од струшкото село Корошишта, кој пред помалку од еден месец беше назначен за директор на Основното училиште Гоце Делчев, во селото Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Advertisements

„Пријавениот, директор на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор. По извршени проверки, добиен е одговор дека лицето не е регистриран во базата на податоци и евиденции во филијалата“, велат од МВР.

На ова реагира и актуелниот дитектор Мамуди.Тврди дека има легален сертификат.

„Тоа не е точно.Јас полагав стручен испит за познавање на англиски јазик во Тирана и за тоа добив соодветен сертификат“, рече Ваљон Мамуди- директор на ОУ Гоце Делчев во Подгорци.

Решението за назначување на Мамуди за директор е потпишано лично од министерката за образование, Весна Јаневска, откако претходно по одземаањето на ингеренциите на градоначалникот Мерко, за ова основно училиште, во октомври лани, за в.д директори во два наврати беа поставени лица од редот на вработените. Но дел од родителите тогаш протестираа, несогласувајки се со изборот на директори од страна на министерката , а неколку дена ја бојкотираа и наставата.Тие бараа за директор да биде поставен кандидатот на училишниот одбор. Од МОН немаат никакви информации за пријавата од МВР.

„МОН се уште нема известување од МВР дека е утврден лажен сертификат кој бил поднесен при аплицирање за избор на директор на училиштето во струшко Подгорци. Се разбира, доколку е така и по добиено известување, соодветно ќе постапиме“, велат од Министерство за образование.

Неофицијално назначувањето на Мамуди е разултат на договор меѓу владините партнери ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ, со цел смирување на страстите./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button