Стружанец нападнал медицинска сестра оти му рекла да ја изгасне цигарата
Стружанец нападнал медицинска сестра оти му рекла да ја изгасне цигарата

Основното јавно обвинителство Струга бара притвор за 52 годишен жител на Велешта кој нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при Општата болница, која побарала од него да ја изгаси цигарата.
Според Обвинителството, осомничениот агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот и избегал.
Настанот се случил на 29 февруари, а човекот бил уапсен следниот ден.
„Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“,
се вели во соопштението на Обвинителството.