ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани бараат поголема промоција на градот за повеќе туристи

Во печалбарите во странство,кои треба да дојдат летовo, стружани гледаат најмногу надеж, дека оваа туристичка сезона може да биде сепак добра. Не очекуваат многу од странските групи со туристи, за кои ниту хотелиерите не се сигурни во колкав број би дошле, затоа што за дел од нив како што се гостите од Полска, веќе се откажани дел од чарет авио линиите.Причина за ова велат стружани е слабата промоција на нивниот град.

Advertisements

„Сезоната е на самиот почеток.Се надеваме дека ќе биде добра и ќе имаме гости.Да се надеваме дека ќе дојдат гости од Холандија, но и иселениците, без кои неможеме. Нормално потребна е поголема пропаганда за Струга, бидејки повеќе се форсира Охрид, за да работат и хотелите, и трговците и рестораните. Охрид е со реноме но и Струга не е за занемарување“, изјави Ате Јахја- трговец

„Агенцијата за промоција на туризмот, треба Струга да ја стави на едно повисоко ниво, а и самата општината да даде една поголема промотивност на туризмот во Струга. Промотивните материјали исто така многу заостануваат. Нашата агенција е на самиот кеј, и доста туристи кога поминуваат ни бараат брошури за Струга и за голема жал и ние немаме што да им дадеме на туристите. Неколу години не сме добиле“, изјави Анкица Крстаноска-туристички работник

Хотелиерите велат дека ништо нема да е исто како најдобрата година во туризмот 2019 година .Велат дека веќе има намалување на бројот на резервации.

„.Холандските гости и гостите од Полска се во намален број, но штом почнаат да летаат летовите од Туи и Корендон од Холандија, тоа ќе биде еден позитивен сигнал за останатите тур оператори и агенти, дека сме безбедна дестинација.Во овие бурни времиња неможеме да предвидиме каков тек ќе заземе сезонава“, изјави Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ

„Еден од најголемите проблеми за Струга останува нерешениот статус на плажите. Така ќе биде најверојатно и оваа туриситичка сезона,бидејки плажите работат на диво односно без концесии“, изјави новинар на Алсат, Мики Трајковски

Оние кои се уште стопанисуваат со нив, не сакаат да зборуваат пред камера, но бараат да им се реши статусот. /Алсат.мк

Мики Трајковски 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button