ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани: Мерко да поднесе оставка, но криминалот треба и да се докаже

Стружани: Мерко да поднесе оставка, но криминалот треба и да се докаже

Мнозинството стружани кои денеска ги анкетиравме сметаат дека градоначалникот Мерко треба да поднесе оставка, а институциите сериозно да го истражат неговото неколкугодишно работење. Некои пак, коментираат дека Мерко е само врвот на големата санта мраз зашто голем криминал има и во централната власт.

Advertisements

„Доколку е вистина би требало да поднесе оставка. Сам да се осуди. А, Јавното обвинителство треба да го гони бидејќи има многу работи за него да се кажат.“

„Па, ако го заслужил тоа, зошто да не, ако го заслужил. Видете каква криза е кај нас. Ако е така навистина, треба да даде оставка.“

„Мислам дека Мерко во овој случај не се чувствува баш пријатно, ова е тешко обвинување и тој би требало сам да даде објаснување за причините. Доколку смета дека е одговорен и виновен за сето тоа, нека одлучи дали ќе даде оставка или не. Ако се чувствува дека не е виновен треба сето тоа да го негира со факти. Веќе со декади се зборува дека судството не функционира односно дека на некој начин е во тешки коруптивни дејствија…“.

„Што се однесува до Мерко многу работи не ги почитува. Има многу поплаки многу, но нема ефект и преземени се судски работи. Нашето обвинителство одамна требаше да преземе мерки, но не презема, не е моќно. Многу работи се измешани.“

„Треба да се докаже дали има криминал.“

„Јас гледам на тоа, како еден збор кој го кажуваат луѓето – се тресеше гората, се роди глувче. Мерко е само градоначалник. Од Владата пола се такви, не ги пишуваат, не сум против тоа, но треба и на Владата да видат од покрупните.“

„Тоа е многу добро. Не само него туку има и многу кои треба да се стават на црна листа. Сметате ли дека одлуката на САД е оправдана? Оправдана е. Нормално е дека има зошто. Без причина Американците не те ставаат на црна листа….“.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button