ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани сами го поправаат Дрвениот мост на реката Црн Дрим кој подолго време е во лоша состојба

Стружани сами го поправаат Дрвениот мост на реката Црн Дрим кој подолго време е во лоша состојба

Додека локалните власти се однесуваат незаинтересирано за проблемите со кои стружани се соочуваат, неколкумина граѓани самоиницијативно денес го поправаа Дрвениот мост на реката Црн Дрим кој подолго време е во лоша состојба. Поминувањето по него е вистински предизвик и потребна е голема внимателност. На повеќе места дрвените штици и даски се трули, а отворени беа и дупки. Стравуваат дека еден ден мостот може да се сруши.

Advertisements

„Ова е навистина алармантно. Станува збор за општа опасност, која што само прашање на време е кога ќе земе некоја жртва, а повредени има многу. Ова е резултат на една долготрајна негрижа. Иницијативата наша беше затоа што нашите деца овде се капат, детето мое се повреди на мостот. Не станува проблем само за површинската конструкција, туку може да забележите дека самата конструција на мостот е крајно девастирана. Незнам во чија надлежност е. Но штом припаѓа на Општина Струга, сигурно не треба Општина Дебар да го поправа“, рече Коста Хиохи-граѓанин.

Сами купиле стотина даски и шајки, дел донирале локални компании, a алат донеле од дома. Велат дека не ги изненадува негрижата на локалните власти.

„Нас тоа веќе не не изненадува. Струга и стружани се оставени сами на себе, без разлика на етничката припадност на која припаѓаат. Не е безбеден пристапот преку овој мост особено што сега е и летна сезона и сведоци сме на групи на туристи кои доаѓаат, а овој мост е атракција. Највисок мост е на реката Црн Дрим и сакаат да ја видат Струга и од оваа перспектива, но тоа го прават на сопствен ризик, кој е голем по нивната безбедност“, рече Глигорие Ќатоски-граѓански активист.

„Секое непреземање во иднина на било какво дејствие околу санирање, претставува извор на потенцијална опасност во однос на безбедноста по животот на луѓето кои го користат овој мост. Како онаа народната виновен ќе биде тој кој поминал преку мостот, на тоа се се сведува, како што беше и со модуларната болница, виновен е кабелот и такви несреќи кои се случуваат во Македонија“, рече Ѓоко Томоски- адвокат од Струга.

Бараат од Општината под итно да се санира мостот и неговата конструкција. Пријавиле и во Центарот за управување со кризи, од каде им рекле дека ќе излезат на лице место. Првиот дрвен мост во Струга бил изграден 1987 година, но во 2011 година беше срушен поради небезбедност и повторно изграден 2016 година./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button