ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани се жалат од наплив на питачи кои што доаѓаат од други градови

Со доаѓањето на летото и туристичката сезона, стружани стравуваат од наплив на поголем број питачи, кои од други градови на Македонија редовно доаѓаат во градот. Иако нив ги има преку цела година, сепак летото е идеален период за нив. Доаѓаат организирано, цели семејства. Мажите собираат старо железо, додека жените и децата просат. Велат влегуваат во објектите, бараат пари, ги вознемируваат муштериите.

„Имаме големи проблеми со питачите. Често пати по 10-15 влегуваат наеднаш и ние ги бркаме. Ги вознемируваат муштериите. Ги повикувам надлежните од општината заедно со полицијата нека се координираат, мора нешто да се направи. Бидејќи лош имиџ дава за Струга. Срамота е ние сме туристички град, но ние се уште се расправаме со питачи “, изјави Илкер Гаваз-угостител од Струга.

„Не паметам вакво лошо време и грда слика во градот, едноставно бидејќи порано немало толку питачи во Струга. Треба да знаеме дека сме во еден туристички град во кој доаѓаат гости од странство и гледаат што се случува во Струга. Но мене лично како жител на Струга ме интересира една друга работа, зошто нема во Охрид питачи, зошто питачиве доаѓаат само во Струга? Дали се похумани стружани или имаат по голема рака за помош, или пак постои организирана група која ги носи питачиве со коли“, изјави Ајруш Мифтари-угостител.

Гаваз вели дека лично тој побарал неколку пати решавање на овој проблем, кој секое лето е ист во Струга.

„Јас лично побарав и од општината и од полицијата. Полицијата топката ја префрла во општината. Кога побарав од општината, тие ми рекоа дека треба да се координираат со полицијата. Така да и јас не знам“, рече Илкер Гаваз-угостител од Струга.

„Би ги замолил институциите да размислат за ова ситуација, односно активност, за да не стане Струга град на питачите. Како едно време кога имавме многу кучиња па Струга стана град на кучињата. Не сум многу паметен и не сакам да ги кажам некои работи но го сакам градот и ваквите работи ме болат, Струга станува едно големо село“, изјави Ајруш Мифтари-угостител.

Од општината информираат дека на средбата која ја имале неодамна со директорот на центарот за социјални работи и со претставници на полицијата, било договорено да се спроведе акција за отстранување на питачите и нивно сместуање во соодветни простории. Од таму апелираат до граѓаните да ја зачуваат својата солидарност, кога станува збор за злупотреба и развој на овој нелегален бизнис.

Од општината информираат дека на средбата која ја имале неодамна со директорот на центарот за социјални работи и со претставници на полицијата, било договорено да се спроведе акција за отстранување на питачите и нивно сместување во соодветни простории. Од таму апелираат до граѓаните да ја зачуваат својата солидарност, кога станува збор за злоупотреба и развој на овој нелегален бизнис.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button