ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани: Треба да се урнат сите дивоградби, не само шест платформи

На стружани акцијата за отстранување на платформите изградени во вода,на струшките плажи, повеќе им наликува на политички блеф на градоначалникот, Рамиз Мерко.

„Тоа е блеф 100 посто.Треба се да се руши во Струга, покрај езеро .Се е дивоградба и треба да се руши.Само за пред избори е.Друго ништо не е тоа“.

„Ако станува збор за градбите кои се веќе во вода, тие се многу малку. Што ќе правиме со тие што се на брегот на езерото.Се фрлаат отпадоци, бетон, тие се големи. Јас сум биолог и жалам што целата фауна е уништена покрај Охридското езеро“.

„Мислам дека е редно правниот систем да функционира.Редно е општината и другите фактори на државата, да преземат мерки за отстранување на тие објекти кои се градени нелегално, доколку ги има“.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека станува збор само за гол популизам и политички маркетинг пред локалните избори.

Колку што сум информиран, градежниот инспекторат при општина Струга,има донесено голем број на правосилни извршни решенија за рушење на бесправно изградени објекти и по нив не се постапува и за тоа ќе треба да го прашате градоначалникот -изјави Ален Деребан-претседател на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Мерко вчера не само што повторно тврдеше дека нема нелегални градби во Струга ,дури и се закани дека ќе дозволи да се гради на диво. Бара од државата и Комисијата на УНЕСКО, да му достават план како понатаму да се развиваат.

Барам фидбек како да се развиеме.Сум рекол многу пати. Ако владата не ни дава можности да урбанизираме,да има планови за села, да има планови за градот, сигурно дека ќе градат на диво. Сигурно – рече Рамиз Мерко-градоначалник на Струга.

Во Струга иако на сите концесионери со плажи веќе неколку години им се истечени договорите за концесионирање,акцијата ќе се сведе само на шест платформи кои треба да бидат отстранети.Објектите на плажите ќе продолжат непречено да работат за разлика од Охрид, каде десет дена веќе не работат иако ситуацијата е иста како и во Струга.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button