ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност

Времето наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на магла во делови од котлината. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 19 степени.