ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студено утро, сончево и потопло во текот на денот

По студеното утро, денеска нè очекува претежно сончево време со умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер, главно од југоисток.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 11 степени, а максималните од 19 до 27 степени.

Advertisements

Сончево ќе биде и во Скопје. УХМР најавува умерена облачност во котлината и слаб ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од минимални 7 до масимални 25 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button