Студенти од штипскиот универзитет на пракса во „Систина“

Студентите по медицина од штипскиот универзитет ќе имаат пракса во приватната клиничка болница „Аџибадем Систина“. Нивната пракса почнува од денеска, а ќе трае до мај. Студентите ќе ротираат низ сите одделенија на болницата за одблиску да се запознаат со работата на докторите. Пракса ќе има за 100 студенти кои се на последната година од факултетот за медицински науки во Штип.
„Академската пракса Аџибадем Систина дури и во услови на сериозна здравствена криза за Аџибадем Систина значи отворање на ново поглавје во целокупната стратегија на болницата. Со прокетот „Академска пракса Аџибадем Систина“, ние обезбедуваме едукација на младите кадри – идни доктори во нивата последна клучна година од образованието со целосно покриени трошоци за превоз, храна, униформа и заштитна опрема за Ковид – 19 за сите студенти. Во моментот кога нашето јавно здравство поради огромниот притисок од ковид кирзата не може да обезбеди најсоодветна пракса која им е неопходна на студентите ние се понудивме и ја нудиме можноста да бидат дел од активностите на најсоверемената приватна болница во земјата и во регионот“, рече Орце Камчев, „Аџибадем Систина“.