ВЕСТИРЕГИОН

Студентите го блокираа влезот во РТС во Белград и РТВ во Нови Сад

Во рамките на масовните студентски протести во Србија, беше блокирана зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во центарот на Белград, а во еден момент дошло и до судир со полицајците. Насобраните најавија дека блокадата на зградата на РТС ќе трае 22 часа.

Advertisements

„Вечерва од водителката на РТС бевме наречени толпа. Затоа вечерва (10 март) ја блокираме зградата на РТС. Без насилство, без упади. Сите вработени ќе смеат да излезат од зградата – но никој нема да влегува“, изјавија студентите на Медицинскиот факултет во Белград.

Блокадата на РТС траеше цела ноќ, околу стотина луѓе се собраа пред главниот влез на зградата на телевизијата во Белград, а полицијата сè уште е внатре во зградата.

Блокирана е и зградата на Радио Телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад.

Директорот на РТВ Горан Караџиќ го отфрли барањето на студентите РТВ да известува за тоа што се случува пред блокираната зграда на тој медиум, поради што студентите продолжуваат да ја блокираат зградата на покраинскиот сервис, им изјави студентот Борис на новинарите, а пренесе Бета.

Неколку десетици студенти и граѓани се собраа пред Радио телевизија Крагуевац (РТК) во знак на солидарност со студентите кои ги блокираат јавните сервиси во Белград и Нови Сад, јави телевизијата Н1.

Студентите преку блокади и протести бараат властите да одговараат за смртта на 15 лица во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

На социјалните мрежи беше објавено дека некои студенти отишле во Кошутњак, белградска населба, со цел да блокираат друго студио на РТС од кое може да се емитува програма, пренесува Бета.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button