ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студентите на ФИНКИ и факултетот за физичко образование ќе почекаат за нови згради

Студентите на ФИНКИ и факултетот за физичко образование ќе почекаат за нови згради

Студентите на ФИНКИ и факултетот за физичко образование ќе почекаат за нови згради. Градежните работи на комплексот универзитети при УКИМ веќе пет години се во застој, односно откако фирмата Бетон од Штип која ги градеше отиде во стечај. Од ресорното министерство велат дека допрва треба да се избере фирма која ќе продолжи да гради, а претходно ќе се врши и ревизија на она што досега е направено.

Advertisements

„Изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК во Скопје ќе продолжи. Ќе се направи увид во досега реализираните активности, проценка на настанатите штети поради негрижата кон објектите во изминатите неколку години и утврдување на фактичката состојба во која тие се наоѓаат. Согласно овие информации, ќе се проектираат и буџетските средства за следната, односно следните календарски години и ќе се спроведе постапка за избор на нова градежна компанија која ќе ја доврши изградбата„, велат од Министерство за образование и наука.

Студентите на ФИНКИ, факултет со најголем број студенти, со години учат во бараки каде немаат доволно простор, па за реализација на наставата постојано се селат во соседните кампуси. Состојбата не е подобра ниту во факултетот за физичко образование, бидејќи во просторот каде што тој е сместен, се наоѓаат и спортската гимназија и спортската академија. Поради ова, во демекври 2015 година во рамки на проектот „Скопје 2014“ се започна со изградба на нови згради за овие факултети во комплексот на УКИМ каде се наоѓаат економскиот, филозофскиот и правниот факултет, но и 9 години подоцна, студентите не добија нови објекти. За изградба на новите згради, беа оддвоени речиси 20 милиони евра од државната каса. Градбата се стопираше во 2019 година, а оттогаш па досега иако се издвојуваа буџетски средства токму за доизградба, на терен, не можеше да се види каква било градежна активност./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button