ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Студентите од приватните универзитети сакаат бесплатен јавен превоз

Студентите од приватните универзитети сакаат бесплатен јавен превоз

Бесплатниот јавен превоз во Скопје и понатаму не им следува на студентите на јавните-приватни и приватните универзитети. Студентите се револтирани од оваа одлука и велат дека се чувствуваат дискриминирани и не се рамноправни со колегите од државните универзитети кои го уживаат ова право. Зубаиде Ашими патува секој ден од селото Студеничане до факултет и вели дека недостатокот на бесплатен јавен превоз покрај двојните трошоци ги ограничува студентите да учествуваат во различни активности.

Advertisements

„Ова е дискриминација против нас бидејќи ни се дозволени други права, ја добиваме субвенцијата за храна, имаме право да аплицираме за државна стипендија, но тоа не е дозволено за јавен превоз. Јас сум трета година на факултет и патувам на свој трошок. Нашиот универзитет е јавно-приватен, не е само приватен, сè додека дел од него припаѓа на државата, мислам дека е наше право да ги добиеме овие средства“, рече Зубаиде Ашими, студентка.

Во меѓувреме, Линдита Ферати, која секојдневно патува од Куманово до Скопје и обратно, рече дека трошоците за пат се високи, кога ќе се земат во предвид примањата семејството.

„Без оглед на институцијата што ќе ја одбереме за студирање, не треба да бидеме исклучени од правото на јавен превоз бидејќи сите студенти се даночни обврзници и ние сме жители на овој град или граѓани на Република Северна Македонија. Универзитетите имаат студенти кои доаѓаат од многу подалеку, не само од Куманово, имам колеги кои исто така патуваат од Дебар, така што ова треба да се земе во предвид бидејќи трошоците…надвор од вообичаеното се всушност дури и ако сакаме да патуваме надвор од центарот на универзитетот, тогаш тоа е малку невозможно со оглед на минималните плати или можности што се нудат тука“, рече Линда Ферати, студентка.

За овој недостаток, студентите го обвинуваат Град Скопје, откако Арсовска даде такво ветување во предизборната кампања. Град Скопје не одговори на прашањата на Алсат во врска со ова прашање. Додека, од Јавното претпријатие за промет пред извесно време одхговорија дека нивната институција постапува според одлуката на Владата и Градот Скопје од 2015 година./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button