ВЕСТИРЕГИОН

Студентите од Србија тргнаа со велосипеди кон Стразбур

Студенти и членови на академската заедница на Србија денеска со велосипеди тргнаа од Нови Сад до Стразбур со цел дополнително да ги информираат европските претставници за ситуацијата во Србија, која се соочува со криза по бранот протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад лани во ноември.

Со нив заминаа и новинари од неколку белградски медиуми. За патувањето студентите ќе објавуваат на социјалните мрежи.

Advertisements

Во новата акција, 80 студенти со велосипед ќе пристигнат до Стразбур за да им се обратат на претставниците на Советот на Европа, Европската Унија, Европскиот парламент и Европската комисија.

Голем број граѓани утринава подготвија испраќање за студентите кои ќе ја возат првата делница до Суботица, а потоа преку Будимпешта, Братислава, Виена, Линц и Улм планираат да пристигнат во Стразбур на 17 април.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button