Студентите поднесоа 23 амандмани на Законот за високо образование
Студентите поднесоа 23 амандмани на Законот за високо образование

Форумот за промени во образованието до Министерството за образование поднесе 22 амандмани на Законот за високо образование. Како што рече претседателот на овој Форум, Бленди Ходаи, сегашниот закон за високо образование има илјадници недостатоци во околу 190 членови што ги содржи, каде што само 15 од членовите се однесуваат на правата на студентите. Меѓу поднесените и најважни амандмани, според Ходаи, e состаноците и средбите на Сенатот на државните и приватните универзитети да се пренесуваат во живо на мрежите што ги користат универзитетите.
„Изминатиов период оценивме дека најштетните одлуки за високото образование се носеле токму на овие состаноци, средби на Сенатот на универзитетите, а никој не бил информиран како гласале и какви ставови имале професорите кои се членови на Сенатот на универзитетот, додека тие покрај платата како професори, добиваат и други надоместоци бидејќи се членови на Сенатот, надоместоци што ги плаќаат даночните обврзници, граѓаните и студентите. Затоа, треба граѓаните и студентите да се информираат кој професор за што се залага на тие состаноци на Сенатот“, рече Бленди Ходаи, Форум за промени во образованието.
Исто така, преку амандмани од Форумот за промени во образованието бараат сите професори да ги објавата своите биографии на веб-страницата на универзитетот.
„Секогаш наидуваме на тешкотии на недостигот на биографии на професори кои можеби дури и намерно ги кријат бидејќи имаат што да сокријат. Честопати, она што сакаа да го сокријат е просечната оценка што ја имале во првиот и вториот циклус на студии, што не одговара на условите за академско унапредување, што значи дека да се напредува до академските звања доцент, професор, вонреден и редовен, мора да имате просечна оценка од 8,00 во два одделни циклуси. Ја покренавме иницијативата и откривме повеќе од три или четворица професори кои академски напредуваа со просечна оценка пониска од 8,0“, рече Бленди Ходаи, Форум за промени во образованието.
Покрај измените, Форумот за промени во образованието го достави и предлогот за ветинг во високото образование, за преку подзаконски акти да се придонесе за намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. Измените во Законот за високо образование се очекува да бидат одобрени во 2025 година./Алсат.мк
Мелихате Рустеми