ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Студентите се собраа пред платото на УКИМ, палат свеќи и се потпишуваат во книгата на жалост

Со седумминутен молк точно напладне почна собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, каде денеска се одржува заеднички час во знак на почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Ниту дождот не ги спречи студентите и учениците да стигнат до Универзитетот и да учествуваат на настанот со кој се изразува солидарност на семејствата на загинатите и почит на жртвите.
Тие на платото пред УКИП палат свеќи и се потпишуваат во книгата на жалост.