Студентите со жалби за работното време на Градската библиотека

Јетмир, студент на психолошкиот факултет при „Кирил и Методи“ во Скопје е редовен посетител на градската библиотека. Нему му пречи што работното време на оваа институција, а е до 20:00 часот кога мора да престане да учи и да ја напушти библиотеката зашто објектот тогаш се затвора, за разлика од библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Карпош, која е отворена 24/7.
„Единствен недостаток е работното време бидејќи може да се продолжи, од понеделник до петок работи само до 20 часот, а во сабота до 18 часот и во недела воопшто не работи. Има некои библиотеки кои работат 24/7 е библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Карпош“, вели Јетмир.
Освен Јетмир, запознавме и студенти од прва година кои дојдоа да се пријават во оваа библиотека.
Според раководителката Зорица Јаковлеска Спировска од секторот за заштита на фондови и дигитализација, библиотеката „Св. Климент Охридски“ досега има над еден милион дигитални материјали до кои студентите можат да пристапат и на веб-страницата.
Дигитализацијата на материјалите во библиотеките во земјава започна пред десет години, а првично беа дигитализирани материјалите кои се дел од културното наследство на земјата.
Авни Тахири