ВЕСТИРЕГИОН

Студентите во блокада во Србија ги повикуваат граѓаните на генерален штрајк

Студентите во блокада повикаа за денеска (7 март) на генерален штрајк во Србија и добија поддршка од проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград, Адвокатската комора на Војводина и Белград и неколку различни синдикати, здруженија и иницијативи.

Advertisements

Во објавите на социјалните мрежи, студентите во блокада ги повикуваат граѓаните „да ги запрат луѓето околу себе“, да излезат надвор, да не трошат пари и да не одат на работа, јави Бета.

Им препорачуваат да земат слободен ден од работа или боледување и да ги повикаат колегите да им се придружат. Тие исто така ги повикаа да не одат во кафулиња и ресторани, да не купуваат во супермаркети, да не се посетуваат кина и театри…

„Ова не е само протест, ова е борба за одговорност, правда и иднина“, изјавија претходно студентите кои го организираа првиот генерален штрајк на 24 јануари.

Генерален штрајк свикаа и бројни средношколци, кои за денеска најавија протестна прошетка во Белград.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button