
Од една страна, студентите со различни слогани ги бараат своите права, а од друга страна, бројни полициски сили пред влезот на Министерството за образование и наука.
На протестот организиран од студентските синдикати се побара исплата на стипендии кои доцнат четири месеци, ваучери за транспорт, како и реконструкција на студентските домови.
„Нашите барања се да не се занемаруваат студентите, и МОН да бидат посериозни кон барањата на студентите, да имаме повисок студентски стандард, редовни исплати и инвестиции во студентските домови, кои ако ги видите се во мизерна состојба, но студентите живеат во тие услови и исто така бараме да имаме поквалитетно образование“, рече Бленди Ходаи- СОЈУ НА СТУДЕНТИ.
Неколку часа пред почетокот на протестот најавен од студентите, министерот за образование во статус на социјалните мрежи објави дека се префрлени парите за стипендии, што предизвика реакции од студентите.
„Самата одлука на министерот Јетон Шаќири денеска да ги исплати стипендиите пред протестот, уште еднаш го покажува невнимателниот пристап на Министерството за образование кон студентите, и погрешно е да се мисли дека студентите можат да се купат пред протестот, плаќајќи им четири месеци за што требало да ги плаќаат студентските стипендии секој месец“, додаде Бленди Ходаи- СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ.
Околу 3000 студентите ги исполнуваат условите на стипендиите од нив 1500 се социјални случаи. Вредноста на стипендијата за еден студент изнесува 6000 денари месечно./Алсат.мк
Авни Тахири