Студентските картички доволни само за вода

Со 140 денари студентите можат да купат само вода, вели студент кој ја добил студентската картичка за оброк и од денеска ќе може да ја користи.
– Што мислите дека може да купи еден студент со толку пари?
„Вода, бидејќи не можете да купите храна со 140 денари, ако одите во ресторан со 140 денари што ќе добиете, само еден пијалок. Тоа е многу малку“, вели еден студент.
Друг студент вели дека сè уште не аплицирал за оваа студентска картичка и смета дека со зголемувањето на цените таа не би променило ништо во студентскиот буџет.
„Мислам дека нема да се пријавам“.
– Зошто?
„Нема некоја причина, но со оглед на цените што се зголемија, мислам дека тоа не е доволно“, вели студентот.
За картичките за оброк, министерот за образование Јетон Шаќири истакна дека досега се пријавиле над 70 отсто од студентите, а најголем дел од нив ги добиле картичките. Во наредните три месеци ќе видиме дали има потреба од понатамошни промени.
„140 денари е законската основа за еден ден, целта на студентскиот оброк е дневна и сите студенти треба да ја користат на дневна основа, за било какви измени, треба да се направат законски измени“, вели Шаќири.
Од Заводот за статистика сè уште немаат официјални бројки колку студенти се запишале за ова академска година. Но, во академската 2022/2023 година биле запишани вкупно 53.821 студент и според статистичките податоци има пораст од 4,2% во однос на академската 2021/2022 година.
Авни Тахири