ВЕСТИСВЕТ

Студија – Короната во Италија била присутна уште во 2019?

Најновата студија на Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена покажа дека вирусот Ковид 19 циркулирал во Италија на почетокот на септември 2019 година.

Advertisements

Водечкиот автор на студијата, научниот директор Џовани Аполо, ја објавил студијата во списанието „Тумори џурнал“.

Серолошкото тестирање на примероци од крв од 959 лица кои учествувале во студијата за рак на белите дробови помеѓу септември минатата година и март оваа година, покажало антитела на вирусот корона кај 11,6 проценти од испитаниците, а 14 проценти откриле дека имаат антитела во септември, пишува италијанска „Република“.

Четири случаи од првата недела на октомври се покажале позитивни за антитела кои го неутрализираат вирусот, што значи дека тие се заразиле во септември, изјавил Аполо за Ројтерс.

„Ова е голем наод – асимптоматските луѓе не само што беа позитивни по серолошките тестови, туку имаа и антитела кои можат да го убијат вирусот. Ова значи дека новиот корона вирус може да циркулира меѓу населението долго време и со ниска стапка на смртност“, додал тој.

Наодите за крв исто така покажале дека во септември 2019 година, вирусот бил потенцијално присутен во пет италијански региони, а во целокупната анализа на примероците од септември до март, пронајден е барем еден позитивен случај во сите 13 региони.

„За оние луѓе кај кои беа пронајдени антитела од примероци на крв дадени во септември, инфекцијата најверојатно се случила во август“, вели Аполо.

Првиот официјален случај на коронавирус во Италија е регистриран на 19 февруари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button