СВЕТ

Судар на два воза во забавен парк во Германија, повредени се 34 лица

Судар на два воза во забавен парк во Германија, повредени се 34 лица

Повеќе од 30 лица се повредени, од кои двајца потешко, откако два воза се удриле еден во друг во забавен парк во јужна Германија.
Еден воз на тобоганот пробал да закочи, а друг се судрил со него во паркот Леголанд во Гунцбург, јави германската новинска агенција dpa.

На местото на настанот се испратени три хеликоптери, а на помош биле повикани и противпожарните и спасувачките служби. Најмалку 34 лица се повредени.

Засега не е познато како дошло до несреќата./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button